Пентагон: САД ќе продолжат со евакуација од Авганистан во следните недели

Од:

САД остануваат посветени на повлекувањето од Авганистан и ќе настојуваат да евакуираат што е можно повеќе американски државјани и авганистански преведувачи во следните недели, изјави денеска портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

– Остануваме посветени да го завршиме повлекувањето на безбеден и уреден начин. Ќе направиме се што можеме за да извлечеме што е можно повеќе американски државјани, како и многумина толкувачи и преведувачи кои им помагаа на американските сили. Ќе работиме напорно во следните недели за да извлечеме што е можно повеќе луѓе од земјата, истакна Кирби во интервју за Ем Си Ен Би Си.

Портпаролот на Пентагон во интервјуто рече дека САД веруваат оти имаат капацитет да извлечат од Кабул од 5.000 до 9.000 луѓе дневно, додавајќи дека се верува оти 5.000 до 10.000 американски граѓани останале во подрачјето на главниот град.

Три американски бази се подготвени да примат до 22.000 авганистански сојузници во следните недели, изјави портпаролот.

Според него, во изминатите 24 часа повеќе од 700 луѓе, меѓу кои 150 американски државјани, биле евакуирани од Кабул.

– Аеродромот е отворен и летовите започнаа, но постојат одредени безбедносни проблеми поврзани со јужната страна на аеродромот, нагласи Кирби, додавајќи дека САД брзо ќе одговорат на секој напад врз своите луѓе и операции на аеродромот во Кабул.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија