Пентагон откри сајбер шпионажа и хакерски напади од Кина

Од:

Кина води широка кампања на компјутерска шпионажа, за да се обиде да собере разузнавачки податоци за одбранбените програми на американската влада, соопшти Пентагон.

Кина ги користи можностите на својата компјутерска мрежа за да собира разузнавачки информации за секторите, што ги поддржуваат програмите за национална одбрана на САД, како и дипломатската, економската и индустриската сфера, се наведува во извештајот, поднесен во Конгресот.

Кинески хакери во текот на 2012 година правеле обиди да пробијат серија компјутерски мрежи низ целиот свет, вклучувајќи ја и мрежата на американската влада. Некои од овие напади се директно извршени од кинеските војници и од владата, се наведува во извештајот.

Владата на претседателот Барак Обама веќе побараа од кинеските власти да ги прекинат хакерските напади, но досега таа Кина ја обвинуваше за компјутерска шпионажа главно во мрежите на приватните фирми.

Според извештајот на Пентагон, кинеските војници сакаат да добијат претстава за компјутерските мрежи во САД во секторите на одбраната, логистиката и воените можности, како и да дознаат какви се позициите на американските лидери за прашањата поврзани со Кина.

Би можело да ве интересира

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа