Пентагон не планира да го намали обемот на вежбите во Јужна Кореја

Од:

Пентагон денеска соопшти дека не планира да го намали обемот на претстојните заеднички вежби на армиите на САД и Јужна Кореја, кои предизвикаа гнев во Пјонгјанг во пресрет на најавената средба на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Поради маневрите Пјонгјанг ги откажаа и за вчера предвидените разговори на високо ниво меѓу претставници на Северна и Јужна Кореја и се закани со откажување на средбата меѓу Трамп и Ким, превидена за 12 јуни во Сингапур.

Американското Министерство за одбрана соопшти дека вежбата во Јужна Кореја е „рутинска и само со одбранбен карактер“.

Според полковник Роб Менинг, целта на вежбите е подобрување на капацитетите на армиите на САД и Јужна Кореја за заедничко дејствување.

Северна Кореја меѓутоа смета дека воените вежби претставуваат „проба за можна инвазија врз земјата“.

– Оваа вежба во Јужна Кореја чија цел сме ние, претставува флагрантен предизвик за Декларацијата од Панмунџом и намерна воена провокација насочена против позитивниот политички развој на Корејскиот Полуостров, оценија севенокорејските власти.

Според Пјонгјанг, Вашингтон „треба внимателно да размисли за судбината на планираниот Самит меѓу Северна Кореја-САД“, имајќи го предвид „провокативниот воен потег организиран заеднички со јужнокорејските власти”.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија