Пентагон: Многу сме транспарентни со Владата на Јужна Кореја

Од:

Пентагон денеска соопшти дека е „многу транспарентен“ со јужнокорејската Влада во врска со поставувањето одбранбен ракетен систем ТХААД, откако новоизбраниот јужнокорејски претседател Мун Џае-ин изрази загриженост поради поставувањето на системот.

– Продолжуваме многу блиско да соработуваме со Владата на Јужна Кореја и бевме многу транспарентни што се однесува на нашето дејствување за време на целиот процес, изјави денеска портпаролот на пентагон Џеф Дејвис.

Мун Џае-ин денеска наложи покренување истрага за тоа зошто неговиот кабинет не бил информиран за пристигнувањето на уште четири лансери за американскиот противракетен систем.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија