Пентагон: Гледаме јасни докази дека руските сили вршат воени злосторства

Од:

Американското Министерство за одбрана ја обвини Русија за воени злосторства во Украина.

– Гледаме јасни докази дека руските сили извршуваат воени злосторства. Помагаме во собирање на докази за тоа, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

Вкупно 38 земји побараа од Меѓународниот кривичен суд истрага за воените злосторства извршени во Украина за време на руската агресија.

Кирби претходно најави и САД разговараат со други држави за да и обезбедат на Украина „видови одбранбени системи кои вклучуваат воздушна одбрана со долг дострел“.

– Ова се активни консултации, посочи Кирби.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија