Пентагон: Американските и руските пилоти имаа триминутен тест на безбедносните протоколи

Од:

Пентагон соопшти дека заедничкото дејствување меѓу американските и руските авиони над Сирија не е воена вежба туку триминутен тест на неодамна договорените протоколи за безбедност.

Претходно, началникот на Главната оперативна управа на рускиот Генералштаб, генерал-полковник Андреј Картаполов изјави дека руски и американски воени пилоти имаа воена вежба над Сирија, во која учествуваа пилотите од Центарот за стратешки воздушни операции на американската армија во Катар и од Командниот центар на руската авијација на руската авиобаза Хмејмим во Сирија.

– Екипажите на авионите на руското военовоздухопловство и на меѓународната коалиција летаа на минимално безопасно растојание од околу 5,5 километри во специјални избрана зона, договорија меѓусебна комуникација, како и размена на информации за параметрите на летовите на руски и на англиски јазик, наведе Картаполов.

Тој додаде и дека е договорена директна врска меѓу командните центри.
САД и Русија минатиот месец договорија мерки за безбедност со цел да се избегнат судири над Сирија за време на паралелните воздушни кампањи. 

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски