Пенс: САД ќе продолжат со поддршката на Ирак во борбата против ИД

Од:

Американскиот заменик претседател Мајкл Пенс во денешниот телефонски разговор со ирачкиот премиер Хајдер ал Абади вети дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат ирачката борба против Исламска држава, соопшти Владата во Багдад.

Абади и Пенс разговарале и за ситуацијата во Сирија и борбата против ИД по вчерашниот американски напад врз сириска воена база.

Пенс истакна дека „не е променета политиката на САД во регионот и оти приоритет е победата над ИД до Ирак и во регионот“.

Абади наведе дека е неопходно да запре заострувањето на конфликтот во Сирија и да се обединат напорите за уништување на ИД и другите терористички групи.

Тој додаде дека Ирак ја осудува употребата на хемиско оружје во Сирија.

– Ирачаните исто така страдаа од хемиски напади во претходниот режим, затоа апелираме под итно да се покрене меѓународна истрага, посочи Абади.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот