По пристигнувањето во Тајван, претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, што предизвика бран на реакции, се огласи на Твитер.
„Посетата на нашата делегација на Тајван оддава почит на непоколебливата посветеност на Америка за поддршка на тајванската демократија. Нашите разговори со раководството на Тајван ја потврдуваат нашата поддршка за нашиот партнер и ги унапредуваат нашите заеднички интереси, вклучително и унапредување на слободен и отворен индо-пацифички регион“, напиша Пелоси на Твитер.