Пејчиновиќ-Буриќ предупредува на злоупотреба на детски селфија на интернет

Од:

Генералниот секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ, денеска предупреди на опасноста од злоупотреба на ширење селфи и видеа од сексуална природа што ги објавуваат децата и тинејџерите на интернет, и ги повика земјите-членки кривично да го казнуваат присилувањето на децата да создаваат такви сексуални слики или видеа.

– Се повеќе луѓе прават селфи-фотографии, вклучително и деца и тинејџери. За жал, постои темна страна во овој тренд, а тоа е ширење на сопствени слики и видеа од сексуална природа. Според Европол голем дел од фотографиите на злоставени деца прво биле направени од самите деца не ни помислувајќи дека овие слики може еден ден да излезат од нивна контрола, изјави Марија Пејчиновиќ Буриќ за Хина по повод Европскиот ден за заштита на децата од сексуална експлоатација и сексуална злоупотреба.

Во 2007 година Советот на Европа ја донесе Конвенцијата за заштита на децата од сексуална експлоатација и сексуална злоупотреба во Ланзароте, Шпанија. Конвенцијата е првиот меѓународен правен инструмент кој бара криминализација за регрутирање деца за сексуални цели (подготовка на жртва). Ова злосторство, олеснето со информатичките и комуникациските технологии, е во пораст, а Конвенцијата служи како клучна алатка со која државите се обврзуваат да ги штитат децата од оваа форма на сексуално насилство и да ги гонат сторителите на ова злосторство.

Во 2015 година беше одлучено 18 ноември да се одбележува како Европски ден за заштита на децата од сексуална експлоатација и сексуална злоупотреба.

– Несомнено, принудувањето на децата да создаваат такви сексуални слики или видеа треба да биде криминализирано, истакнува Пејчиновиќ Буриќ.

Таа додава дека децата не се свесни за опасностите на кои се изложени и лесно паѓаат во стапицата на кибер криминалците кои бараат од своите жртви да објават повеќе слики или видеа.

Опасноста е уште поголема во услови на карантин поради пандемијата на Ковид-19.

– Затворањето поради Ковид-19 го зголемува ризикот затоа што децата се повеќе склони да играат и да зборуваат на интернет отколку порано. Ова им дава на кибер криминалците повеќе можности да украдат идентитети преку е-пошта или несакани контакти на социјалните мрежи, рече генералниот секретар на Советот на Европа.

Би можело да ве интересира

Поведена истрага против жител на струшко Велешта за детска порнографија

Мајка пријавила дека скопјанец ја гушнал и бакнал нејзината малолетна ќерка

Пријава за двајца татковци од Прилеп и Тетово кои ги силувале своите малолетни ќерки

Предраг Петровиќ

Обвинение за 63 годишен, допирал 14 годишно девојче во воз

Предраг Петровиќ

Хрватски пејач осуден за детска порнографија

Музичарот педофил претепан и избоден во затвор: „Го држеа како заложник шест часа“

Предраг Петровиќ