Пауер и Нуланд одобрени во Комисијата на Сенатот

Од:

Комисијата за надворешни работи на американскиот Сенат вчера го одобри именувањето на Викторија Нуланд за нов заменик државен секретар за Европа, како и на Саманта Пауер за амбасадор на САД во Обединетите нации.

Нуланд, во чиј ресор спаѓаат и односите со Македонија, беше одобрена со 16 гласови за, а само сенаторите Марко Рубио и Џим Риш гласаа против неа.

При нејзиното сослушување пред сенатската Комисија, таа беше изложена на серии прашања од републиканските сенатори, за нејзината улога како портпарол во Стејт департментот за време на вооружениот напад врз конзулатот во Бенгази во кој беше убиен амбасадорот во Либија Кристофер Стивенс и уште тројца Американци.

Републиканците ја обвинија Нуланд дека ги дозирала информациите наменети за јавноста, но и за конгресмените, со цел нападот да се претстави како спонтана реакција на граѓаните, а не дело на терористи.

Во кусиот дел од времето за претставување на нејзините приоритети, Нуланд, која треба да го замени Филип Гордон, се заложи за надминување на замрзнатите конфликти во Европа, со посебен акцент на поделениот остров Кипар.

Пауер е номинирана за амбасадор во ОН, на местото на Сузан Рајс која оваа функција ја замени за да стане советник за национална безбедност на претседателот Обама.

Поранешен воен известувач од Југославија, Пауер е професор на Харвард, добитник на Пулицеровата награда за нејзината книга за американскиот однос кон геноцидот и советник на Обама.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски