Патријархот Кирил ги повика Русите да посвојуваат сирачиња

Од:

Поглаварот на Руската православна црква, Кирил во Божикното послание ги повика верниците да ја одржуваат љубовта кон Спасителот и во своите мисли секогаш да го имаат доброто на народот, црквата на татковината, а во полноќната проповед ги повика Русите да посвојуваат сирачиња.

Неколку дена претходно, рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот Дима Јаковлев, според двегодишното момченце посвоено во САД кое почина од негрижа на посвоителот кој го заборавил во автомобил на голема жештина, а беше ослободен од одговорност. Со овој закон, на Американците им се забранува посвојување руски деца, што претходно беше регулирано со билатерален договор.

„Многу е важно нашиот народ да ги посвојува сирачињата во своите семејства, со радости и посебна благодарноста за бога, давајќи им не само засолниште и воспитување, туку и својата љубов”, порача во својата Божикна проповед серускиот патријарх Кирил во храмот Христос Спасителот, во присуство на премиерот Димитриј Медведев и неговата сопруга Светлана.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица