Патниците добија можност да го бираат своето друштво во авион

Од:

Патниците коишто ќе летаат со авионите на летонската авиокомпанија „ Ер Балтик“ наскоро ќе добијат можност да изберат друштво во текот на патувањето. Новата услуга има за цел да спои патници кои имаат слични познавања и размислувања и така да ги спаси од здодевните соговорници.

„Ние сме први во светот кои нудима ваква услуга“, изјави за АФТ портпаролот на компанијата, објаснувајќи дека сепак не им даваат право на патниците да можат да забранат кој ќе седне до нив.

Патниците добиваат три можности, да изберат да работат во тек на летот, да воспоставуваат нови пријателства или едноставно да не бидат вознемирувани.

Услугата е незадолжителна и бесплатна, а патниците во тек на изборот може да се водат од своето хоби или професија.

Сите податоци ке бидат заштитени, а распоредот на патниците ке го прави компјутер.

Првите пробни летови со ваквиот начин на распоредување на местата во авионот ќе бидат пуштени кон крајот на месецов.

Би можело да ве интересира

Над 1.300 откажани и 414 одложени летови во САД

Аеродромот во Дамаск повторно отворен за меѓународни летови

Израелците ги прекинаа летовите за Москва

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Ер Франс и Луфтханза ги прекинаа летовите кон Бејрут, Тел Авив и Техеран