Партијата на Трудо најверојатно победи на парламентарните избори во Канада

Од:

Следната канадска влада ќе ја формира Либералната партија на Џастин Трудо, на кого тоа ќе му биде трет мандат како премиер, јавија канадските медиуми.

Врз основа на привремени изборни резултати, сè уште не е можно да се каже дали Трудо ќе предводи мнозинска или малцинска влада.

Во земја со шест временски зони, последните избирачки места беа затворени во 19 часот (вторник 04:00 по средноевропско време) на запад, во Британска Колумбија, на брегот на Пацификот и во Јукон.

Премиерот во заминување распиша предвремени избори кон средината на август во обид да го освои мнозинството што го загуби две години претходно. Но, се уште не е познато дали ја победи умерената конзервативка Ерин О’Тул, која водеше успешна кампања.

Анкетите неколку часа пред изборите им дадоа еднаква шанса на двете големи партии, околу 31 отсто од гласовите.

Околу 27 милиони Канаѓани со право на глас избираа 338 пратеници во Долниот дом. Ако ниту една од двете партии кои се менуваат на власт од 1867 година не освои мнозинство во парламентот, победникот ќе формира малцинска влада.

Би можело да ве интересира

Што ќе значат новите царини за економиите на САД, Канада и на Мексико

Катерина Ѓуровски

Канада може да го прекине пристапот на САД до енергенси

ВИДЕО: Трамп воведе нови царини за Канада и Кина,Трудо и Џипинг веднаш возвратија

Катерина Ѓуровски

Канада најави брз одговор на заканите од Трамп

Повеќе од 150.000 Канаѓани потпишаа петиција за одземање на канадското државјанство на Маск

Силен земјотрес ја погоди Канада