Партијата на премиерот Виктор Понта победи на изборите во Романија

Од:

Социјал-либералниот сојуз, предводен од премиерот Виктор Понта, доби најголем број гласови на вчерашните парламентарни избори во Романија, по пребројување на 81,49 проценти од гласовите, соопшти Централната изборна агенција.

Според првичните резултати за долниот дом на парламентот Социјал-либералниот сојуз добил 58,63 проценти од гласовите, а за Сенатот 60,03 отсто.

Сојузот Десна Романија освои во Домот на пратениците 16,69 проценти, а во Сенатот 16,95 отсто.

Популистичката Партија на Народот доби во Домот на пратениците 13,53 отсто, а во Сенатот 14,18 проценти.

Партијата Демократски сојуз на Унгарците во Романија освои во Домот на пратениците 5,31 отсто, а во Сенатот 5,40 проценти.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се затресе силно и во Молдавија, снимена реакцијата на претседателката Санду

Предраг Петровиќ