Партијата на Абе извојува убедлива победа на изборите во Јапонија

Од:

Владејачката конзервативна Либерално демократска партија (JMT) на јапонскиот премиер Шинѕо Абе извојува убедлива победа на денешните предвремени парламентарни избори во Јапонија, покажуваат првичните резултати од излезните анкети.

Според овие резулати, партијата на Абе ќе има меѓу 275 и 306 места во 475-членииот на Долен дом на јапонскиот Парламент и заедно со нејзиниот сегашен коалициски партнер, религозната партија Комеито, ќе има двотретинско парламентарно мнозинство.

Предвремените избори во Јапонија беа распишани на иницијатива на премиерот Абе, кој побара нов мандат за спроведување на неговата економска програма.

Абе дојде на власт пред две години ветувајќи заживување на економијата, но досега не успеа целосно да ги исполни ваквите свои предизборни ветувања.

Би можело да ве интересира

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила