Парламентот на Казахстан донесе одлука за преименување на Астана во Нурсултан

Од:

Пратениците од Парламентот на Казахстан ги усвоија амндманите на Уставот на земјата со што престолнината Астана се преименува во Нурсултан, во чест на првиот претседател Нурсултан Назербаев.

Преименувањето на главниот град е на предлог на новиот претседател Хашим-Жомрат Токаев во чест на Назербаев, кој беше на власт 30 години, уште од времето на Советскиот сојуз.

Астана на казахстански јазик означува „главен град“ и го носи тоа име од 1998 година, веднаш откако владата се префрли таму од Алмати, најголемиот град и трговски центар во земјата. Градот Астана бил основан во 1824 година под името Ал Мола, а од 1830 година Акмола.

Казахстан е најголемата држава во светот без излез на море, а деветта најголема држава во светот по површина со своите 2,724,900 километри квадратни.

Би можело да ве интересира

12 повредени во верижна сообраќајка на 95 возила

ВИДЕО: Путин му се извини на претседателот на Азербејџан за паднот на авионот, го нарече „трагичен инцидент“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русија веројатно е одговорна за падот на авионот во Казахстан, тврди Белата куќа

Катерина Ѓуровски

Русите се огласија за авионската несреќа: Украина е виновна

Горан Наумовски

НАТО бара детална истрагата за падот на авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Азербејџан тврди: Руска ракета го урна авионот на „Азербејџан ерлајнс“