Парламентот на Ирачки Курдистан гласаше да се одложат за осум месеци, планираните за 1 ноември парламентарни и претседателски избори.
Новиот датум на одржување на изборите дополнително ќе биде објавен. Одлагање на изборите се случува откако минатата недела Изборната комисија ја запре подготовката за изборите поради недостиг од кандидати за високи функции, но и поради спорот со централната влада во Багдад.
Пред еден месец, во Ирачки Курдистан се одржа референдум за независност што предизвика криза меѓу Ербил и федералните власти. Багдад распореди армиски сили во голем број зони, кои со години беа под контрола на курдските борци.