Шпанскиот премиер Маријано Рахој изјави дека на 20 декември ќе се одржат парламентарните избори.
Конзервативната Народна партија на Рахој на изборите во 2011 година освои апсолутно мнозинство, кога гласачите ги казнија социјалистите за нивната реакција на светската економска криза која избувна во 2008 година.
Анкетите покажуваат дека Народната партија повторно ќе победи, но не со мнозинство.