Шведска денеска избира нов парламент, а исто така и 20 провинциски и 290 општински собранија. Според аналитичарите, изборите ќе завршат без ниту една партија да освои потребно мнозинство, а екстремната десница би можела да добие позиција на арбитер во Парламентот.
Право на глас имаат околу 7,5 милиони луѓе.
По изборите составот на новата влада се очекува да биде сложен процес. Според ангетите, левоориентираниот блок, кој е составен од Шведската социјалдемократска работничка партија на досегашниот премиер Стефан Ловен, Партијата на зелените и Левичарската партија, ќе освои 41 процент од гласовите, а главниот противкандидат, десноцентристичката Алијанса, составена од Умерената партија, Партијата на центарот, либералите и демохристијаните, ќе освојата 37,7 отсто.
Според шведското законодавство, по изборите досегашниот претседател на Парламентот, социјалдемократот Урбан Алин ќе направи консултации со сите парламентарно претставени партии и потоа ја предлага за гласање кандидатурата на партиски лидер за премиерската функција. Доколку кандидатурата не биде одобрена, тој има право на уште три обиди. Досега во современата шведска историја тоа не се случило.