Парламентарни избори во Швајцарија

Од:

Oколу 5,3 милиони Швајцарци со право на глас бираат 200 пратеници во Долниот и 46 во Горниот дом од Парламентот.

Голем број граѓани изминатите недели гласаа по пошта, а одредени избирачки места беа отворени уште од вчера, поради што гласањето завршува денеска на пладне.

Според анкетите, популистичката десничарска Народна партија (СВП) најверојатно ќе остане најголема политичка сила. Според проекциите СВП ќе изгуби неколку пратенички места, а левичарската партија Зелени и партијата од центарот Зелени либерали би требало да постигнат поголем успех од претходно, бидејќи во Швајцарија расте загриженоста поради климатските промени, што беше централна тема во изборната кампања.

Според политичките аналитичари малку е веројатно Зелените да бидат дел од владата иако освојат поголем број гласови.

Министерските места во швајцарската влада веќе 60 години се делат помеѓу четири партии: СВП, Социјалдемократската партија (ПС), либералите (ФДП) и демохристијаните (ЦВП).

Според швајцарската традиција Зелените би можеле да добијат министерско место ако постигнат добри изборни резултати на најмалку два избора по ред.

Со правопропорционално мнозинство се избираат 200 пратеници во Долниот дом, а 46 претставници во Горниот дом од Парламентот се избираат по мнозински модел во двата круга.

На 11 декември пратениците ќе именуваат седум министри во владата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Рекордно ниски температури во Швајцарија

Манекенката Кристина Јоксимовиќ ја убил сопругот, телото го мелел во блендер

Горан Наумовски

Јакин го продолжи договорот со Швајцарија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна скеле на зграда висока 60 метри во Швајцарија – тројца мртви, осуммина тешко повредени

(ВИДЕО) Обилните дождови во Швајцарија доведоа до лизгање на земјиштето, осум лица се водат за исчезнати

ВИДЕО: Страшно невреме ја опустоши Швајцарија, тројца исчезнати, села отсечени, автопат затворен

Предраг Петровиќ