Изборите за Совет на претставниците (парламентот) во Ирак ќе се одржат на 15 мај следната година, соопшти синоќа кабинетот на премиерот Хајдер ал Абади.
Владата побара да се обезбедат неопходните безбедносни услови, за да се спроведат изборите. Гласањето ќе се одвива по електронски пат. На партиите кои имаат вооружени формации нема да им биде дозволено да учествуваат на изборите
Претходно, Вишата независна изборна комисија го наведе 12 мај 2018 година како датум за парламентарните избори.
Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) соопшти дека ќе обезбеди три милиони долари за да помогне во организирањето на изборите.