Парламентарците од 47-те земји членки на СЕ бараат да се гарантира недискриминација на работното место врз основа на религијата

Од:

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) на зимската пленарна сесија ја потврди обврската на земјите-членки „да гарантираат недискриминација на работното место, заснована врз религијата и верувањата, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Со усвојување на резолуцијата, заснована врз извештајот на Давор Иво Стиер (Хрватска, ЕПП / ЦД), ПССЕ ги повика земјите членки да „промовираат култура на толеранција и заедничко живеење во општество со религиозен плурализам“ , истовремено осигурувајќи дека се почитува правото на слобода на мислата, совеста и религијата.

ПССЕ притоа ги повика државите да преземат законодавна постапка за да „вработените да можат да пријават нарушување на нивното право на недискриминација врз основа на религијата или верувањата“ и да воспостават механизми за доставување на поплаки. Парламентарците од 47-те земји членки на Советот на Европа, притоа нагласија дека обезбедувањето недискриминација на вработените врз основа на нивната религија или верување е „од круцијално значење“.

Би можело да ве интересира

Грушко: Русија не планира враќање во Советот на Европа

Ана Ололовска

Путин предлага раскинување на 21 договор на Советот на Европа кои се однесуваат на Русија

Ана Ололовска

ПССЕ ја повика Турција да не го усвојува законот за криминализирање на „лажните или погрешни информации“

Ана Ололовска

Унгарија ставена под мониторинг на парламентарците од Советот на Европа за владеењето на правото

Ана Ололовска

ПССЕ повикува на мерки за борба против исламофобијата во Европа

Ана Ололовска

ПССЕ ќе расправа за поддршката на европските перспективи на Западен Балкан

Ана Ололовска