Париз се подготвува за „Конвојот на слободата“

Од:

Неколку часа пред пристигањето на „Конвојот на слободата“ во францускиот главен град, полицијата е на штрек, исто како и политичарите кои не знаат како да реагираат, јави дописникот на МИА.

Префектот на париската полиција од вчера демонстрира сила. Набљудувајќи дека „наведената цел на овие демонстранти би била да го блокираат главниот град“, Дидие Лалемент, кој се плаши за јавниот ред донесе декрет со кој од денеска до понеделник се забрануваат демонстрации, датумот на кој конвојот треба да го „продолжо патувањето за Брисел“.

Мерката, што треба да одврати било каква намера за демонстрации, напротив, ризикува да има ефект на црвен чаршав за најрадикалните елементи на конвојот, од кои некои се блиски до движењето на жолтите елеци. Префектот предупреди: во случај на попречување или блокирање на сообраќајот, на прекршителите да им следуваат две години затвор, парична казна од 4.500 евра, одземање на возилото, намалување за половина од максималниот број на поени, како и суспендирање на возачката дозвола за период од најмногу три години. Префектот им дал цврсти инструкции на полицајците да постават специфични уреди со цел да се спречат блокадите и да се уапсат најнепослушните.

Според информациите, полицијата очекува 1.500 демонстранти во 900 автомобили, кои би можеле да се спојат од автопатите А6 и А4 кон главниот град во ноќта меѓу петокот кон саботата.

-Ако луѓето сакаат нормално да протестираат, можат да го сторат тоа. Ако сакаат да го блокираат сообраќајот, ние ќе интервенираме, предупреди министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пентагон испрати војници од Националната гарда да го смири „Конвојот на слободата“

Ана Ололовска

„Конвојот на слободата“ пристигна во Брисел, уапсени неколку лица

А1он

Белгиската полиција се обидува да го запре конвојот демонстранти

Ана Ололовска

И покрај забраната, „Конвојот на слободата“ се движи кон Брисел

Ана Ололовска

Канадските власти најавуваат отстранување на блокадите

Ана Ололовска

„Конвоите на слободата“ се забранети во Париз

Ана Ололовска