Папата вели дека чувањето кучиња наместо деца ја одзема човечноста

Од:

Папата Франциск ризикуваше да го навлече гневот на сопственици на кучиња и мачиња ширум светот со тоа што сугерираше дека луѓето кои имањето деца го заменуваат со чување домашни миленици, со тоа покажуваат „доза на себичност“.

Зборувајќи за родителството, папата Франциско изрази жалење што миленичињата „понекогаш го заземаат местото на децата“ во општеството.

„Денес… гледаме форма на себичност“, рече Папата.

„Гледаме дека некои луѓе не сакаат да имаат дете“, додаде тој.

Тој рече дека тоа е сериозно погрешен избор од негова гледна точка.

„Понекогаш имаат едно, и тоа е тоа, но имаат кучиња и мачки кои ги заменуваат децата. Ова може да ги насмее луѓето, но тоа е реалност.

Поглаварот на Католичката црква рече дека се повеќе луѓе забораваат нешто важно поради одлуката да имаат миленичиња, а не деца.

„Практиката на одрекување од татковството и мајчинството нè намалува, ни ја одзема човечноста“, заклучи тој.

Би можело да ве интересира

Папата Франциск по повод 1.000 дена конфликт во Украина: Војната е секогаш пораз

А1он

Гази Баба ќе субвенционира стерилизација на домашни миленици

Најстарата мачка на светот почина на 33 години

A1on

Г. г. Стефан во посета на Рим и Ватикан, денеска на средба со папата Франциск

Папата Фрациска повика на итно отворање коридор за цивилите од Газа

Промоција на книга од папата Франциск на македонски јазик