Папата пристигна во прва посета на Ирак

Од:

Папата Франциск денеска пристигна во Ирак, што е прва посета на поглаварот на Римокатоличката црква во земјата, но и прва посета во странство од почетокот на пандемијата на коронавирусот.

Од епидемиолошки и безбедносни причини, ова е најризична посета што 84-годишниот папа, како што истакна, ја смета за своја обврска, пренесува Би-Би-Си.

Папата ќе се обиде да ја смири поделената христијанска заедница и да го зајакне меѓурелигискиот дијалог, во чии рамки ќе се сретне со водачот на шиитските муслимани во Ирак.

Папата ќе одржи миса и на стадионот во Ирбил.

Ирак ќе распореди околу 10.000 припадници на безбедносните сили со цел да го заштити Папата, а веќе во сила е и полициски час поради ширењето на коронавирусот.

Бројот на христијани во Ирак во последните две децении се намали од 1,4 милиони на околу 250.000, што е помалку од еден процент од населението.

Многу христијани ја напуштија земјата поради насилството по американската инвазија во Ирак во 2003 година, кога беше соборен Садам Хусеин.

Исто така, десетици илјади христијани беа раселени кога џихадистите од Исламска држава го освоија северниот дел на Ирак во 2014 година и уништија цркви.

Во центарот на Багдад се поставени билборди со ликот на Папата за добредојде на поглаварот на Римокатоличката црква, со натпис „Сите сме браќа“.

Ирачкиот министер за надворешни работи Фуад Хусеин изјави дека Ирачаните со нетрпение ја очекуваат „пораката за мир и толеранција“ на папата.

Во пресрет на посетата на Ирак, папата Франциск рече дека оди во мировен аџилак по повеќе години војна и тероризам.

– Доаѓам на аџилак … да се молам за прошка и помирување по долгогодишната војна и тероризам … и доаѓам меѓу вас во мир. Сакам да ве запознаам, да ги видам вашите лица, да ја посетам вашата земја, античката колевка на културата, рече Папата во видеопорака.

Папата исто така изрази желба „да се моли заедно … со браќата и сестрите од другите верски традиции“, истакнувајќи дека ирачкиот народ го смета како „единствено семејство на муслимани, Евреи и христијани“.

Би можело да ве интересира

Папата Франциск по повод 1.000 дена конфликт во Украина: Војната е секогаш пораз

А1он

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски