Папата оди во Канада да бара прошка од домородците кои биле злоупотребувани од црквата

Од:

Папата Франциско в недела тргнува во историска шестдневна посета на Канада и се очекува да побара прошка од домородците кои биле биле злоупотребувани од црквата.

„Покајничкиот аџилак“, како што го нарекува Папата, се смета за важен чекор во решавањето на глобалниот скандал со свештеничката сексуална злоупотреба на деца и децениското прикривање.

Папата Франциско ќе го започне своето 37 меѓународно патување во Едмонтон во западната провинција Алберта. Потоа оди во Квебек, а потоа во Икалуит, најсеверниот град во Канада.

Тој планира да го повтори извинувањето што им го упати на канадските делегации за време на нивната посета на Ватикан во април. Тогаш тој рече дека се надева оти извинувањето „ќе придонесе за веќе започнатиот пат на исцелување и помирување“.

Откривањето на посмртните останки на стотици домородни деца во необележани гробници на терените на државните училишта управувани од Католичката црква ја принуди Канада да се соочи со својата неуспешна политика на присилна асимилација.

На сличен начин беше истакната улогата на Црквата во она што Националната комисија за вистина и помирување го нарече „културен геноцид“.

Приближно 150.000 деца од Првите нации, Метис и Инуити посетувале 139 резиденцијални училишта од доцните 1800-ти до 1990-тите. Таму тие поминаа месеци или години изолирани од нивните семејства, јазик и култура.

Многумина биле физички и сексуално малтретирани од директори и наставници.

Се верува дека илјадници умреле од болести, неухранетост или занемарување. Повеќе од 1.300 необележани гробници се откриени од 2021 година во просториите на поранешните училишта.

Папата Франциско го започнува своето патување во понеделник во градот Масквацис, околу 100 километри јужно од Едмонтон, дом на едно од најголемите резиденцијални училишта во Канада.

Тој ќе се обрати на очекуваната толпа од 15.000 и ќе вклучи алумни од цела Канада.

Иако некои изразија задоволство од подготвеноста на папата Франциско да се сретне со нив, други се прашуваат дали неговата кратка посета може да ги залечи раните.

Франциско е вториот папа кој ја посетил Канада по папата Јован Павле Втори, кој ја посети Канада три пати – во 1984, 1987 и 2002 година, пренесува Аваз.ба.

Би можело да ве интересира

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Финансиски колапс на Светата столица: Ватикан должи околу 4,8 милијарди евра

Папата Франциск: Смртта на мигрантите е неприфатлива и речиси секогаш може да се избегне

Тајно снимен разговор меѓу папата Франциск и кардинал, објавен транскрипт

Горан Наумовски

Папата Франциск го распушти раководството на добротворната организација Каритас

Папата не сака операција на коленото