Папата не сака операција на коленото

Од:

Папата Франциск се консултирал со шефот на медицинскиот тим на фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид поради неговото болно колено, изјави докторот за шпанското радио.

Хозе Марија Виљалон за радио „COPE“ изјави дека шпанската бискупска конференција и Ватиканската нунцитура во Шпанија побарале од него да го посети папата со други специјалисти и да разговара со медицинскиот тим на Ватикан дали можат да му помогнат.

„Чест е да се има таков пациент и пред се одговорност, бидејќи тој е светска личност“, рече тој во интервјуто објавено денеска на порталот на радио станица во сопственост на шпанската бискупска конференција.

„Оптимист сум околу тоа дали може да му се помогне на папата“ да се соочи со „тој артритичен процес“ – рече докторот на Атлетико.

„Тој е многу убав, но може да биде тврдоглав затоа што не сака операција“ – рече докторот.

Папата рече дека не ја сака операцијата бидејќи сè уште ги чувствува ефектите од анестезијата што ја доби во јули 2021 година кога го оперираше дебелото црево.

Папата од мај годинава е во инвалидска количка поради болки во коленото. Затоа ја остави „отворена“ можноста еден ден да се повлече од функцијата.

Докторот на Атлетико (М) изјави дека со папата разговарал и за фудбалот бидејќи тој многу го сака тој спорт и од детството е навивач на клубот Сан Лоренцо од Буенос Аирес.

Би можело да ве интересира

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Финансиски колапс на Светата столица: Ватикан должи околу 4,8 милијарди евра

Папата Франциск: Смртта на мигрантите е неприфатлива и речиси секогаш може да се избегне

Тајно снимен разговор меѓу папата Франциск и кардинал, објавен транскрипт

Горан Наумовски

Папата Франциск го распушти раководството на добротворната организација Каритас

Папа Франциск: Подготвен сум да направам сè за да запре војната во Украина