Папата ја поздрави обновата на извозот на жито од Украина како „знак на надеж“

Од:

Папата Франциск на денешната редовна неделна молитва од плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан го поздрави обновувањето на украинскиот извоз на жито како „знак на надеж“ во кој гледа доказ дека „дијалогот е можен“ за да се стави крај на војната во Украина.

-Сакам со задоволство да го поздравам заминувањето на бродовите со жито од украинските пристаништа. Ова покажува дека е можно да се води дијалог и да се постигнат резултати од кои секој ќе има корист, рече папата Франциск, обраќајќи им се на верниците од „Свети Петар“ за време на традиционалниот празник Ангелус.

„Тој настан е и знак на надеж и од душа се надевам дека по тој пат е можно да се запрат борбите и да се постигне праведен и траен мир“, додаде Светиот отец.

Четири бродови со украински производи денеска испловија од украинските пристаништа на Црното Море како дел од договорот за деблокирање на поморскиот извоз на земјата, соопштија украинските и турските власти.

Четири бродви за растурен товар носат повеќе од 160.000 тони пченка и друга храна.

Пред инвазијата, Русија и Украина заедно имаа речиси една третина од светскиот извоз на пченица.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ