Зголемената потрошувачка за одбрана на западните земји , според папата Франциск е лудило и мора да се најде нов начин за воспоставувањее на рамнотежа на светските сили.
Тој, обрајќаќи се пред Коалицијата на женски групи во Женева, истакна дека судирот во Украина е плод на „старата логика на моќ, што сè уште доминира во така наречената геополитика“. Поглаварот на Католичката црква посочи дека правиот одговор не е уште повеќе оружје и санкции.
– Бев згрозен кога прочитав дека група држави се обврзаа да потрошат два отсто од БДП за набавка на оружје како одговор на она што се случува сега. Лудило, наведе папата Франциск.
Поглаварот на Католичката црква посочи дека правиот одговор не е е уште повеќе оружје и санкции.
– Потребен е поинаков начин ан управување со глобализираниот свет, да не се покажуваат заби, како што сега се прави, туку на поинаков начин да се уредат меѓународните односи, посочи папата Франциск, кој од почетокот на војната имплицитно ја критизира Москва, осудувајќи ја „неоправданата агресија“ и „зверствата“, но не ја спомна Русија.
Извор: МИА