Папата Франциск по повод 1.000 дена конфликт во Украина: Војната е секогаш пораз

Од:

Папата Франциск денеска, по повод 1.000 дена од почетокот на конфликтот во Украина, го повтори повикот за мир во Украина и порача дека војната секогаш е пораз.

– Војната е секогаш пораз. Повторно повикувам да престане лудилото на насилството. Да се ​​посветиме на праведен и траен мир. Да се ​​молиме за народот на Украина – напиша Папата на платформата „Х“.

Денеска Украина одбележува 1.000 дена од почетокот на војната, а досега загинаа илјадници украински граѓани, а повеќе од 6 милиони луѓе живеат како бегалци.

Популацијата на Украина е намалена за една четвртина откако рускиот претседател Владимир Путин ја започна офанзивата, за која „Гардијан“ оценува дека е најголемиот конфликт во Европа по Втората светска војна.

Би можело да ве интересира

Папата Франциск повторно на респиратор, лекарите загрижени, верниците во солзи

А1он

Здравствената состојба на папата Франциск е стабилна

А1он

Папата Франциск се опоравува

А1он

Папата во критична состојба

Г. г. Стефан во посета на Рим и Ватикан, денеска на средба со папата Франциск

Папата Фрациска повика на итно отворање коридор за цивилите од Газа