Папата Франциск: Планетата може да закрепне, ако ѝ дозволиме

Од:

Папата Франциск денеска оцени дека пандемијата на коронавирусот покажа дека планетата „може да закрепне, доколку тоа и биде дозволено“.

Но, луѓето мора да прифатат поедноставен начин на живот за да ѝ помогнат на планетата која „се гуши“ под постојаните барања за економски раст, вели папата.

Во новиот апел за помош на загрозената животна средина, папата повторно повика на отпис на долговите кон најзагрозените земји и тој потег, како што оцени, би бил фер бидејќи богатите земји ги искористуваат природните ресурси на посиромашните земји.

-На некој начин, сегашната пандемија не наведе повторно да откриеме поедноставни и поодржливи начини на живот, рече папата Франциск.

Тој посочи дека „веќе може да се види како Земјата може да заздрави ако и биде дозволено да мирува: воздухот станува почист, водите се појасни, а животните се вратија на многу места од кои порано исчезнаа“.

-Пандемијата не доведе до крстосница, рече папата.

Поглаварот на Римокатоличката црква ги повика луѓето да ја искористат можноста да размислат за своите навики на користење на енергијата, потрошувачката, транспортот и храната.

Би можело да ве интересира

Папата Франциск по повод 1.000 дена конфликт во Украина: Војната е секогаш пораз

А1он

Г. г. Стефан во посета на Рим и Ватикан, денеска на средба со папата Франциск

Папата Фрациска повика на итно отворање коридор за цивилите од Газа

Промоција на книга од папата Франциск на македонски јазик

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски