Папата Франциско (86) мора да оди на итна операција. Ватикан соопшти дека на папата попладнево во римската болница Гемели ќе му биде извршена операција на абдоменот. Ќе му го оперираат абдоменот и стомачниот ѕид.
Тие додадоа дека неговиот медицински тим во последните денови одлучил дека е неопходна операција и дека се очекува тој да остане во болница неколку дена за да закрепне.
Папата Франциско во средата беше примен во римската болница Гемели, каде попладнево ќе биде подложен на операција на кила, соопшти портпаролот на Ватикан, Матео Бруни.