Паника во Варшава: Анонимни дојави за бомби во 11 министерства

Од:

Полицијата и нејзините пиротехнички тимови денеска претресуваат згради на 11 министерства во Варшава поради анонимна дојава дека во нив се подметнати бомби.

– Единаесет институции добија анонимна дојава по електронска пошта. Пиротехничките служби ги прегледуваат зградите, а во овој момент нема потреба за евакуација – соопштија од главната команда на варшавската полиција.

Последните години зачестија ваквите дојави, кои досега се покажаа како лажни, не само во Варшава, туку и во поголемите градови во Полска. Последната бомбашка тревога во Варшава беше во јануари годинава, кога полицијата и пиротехничките служби мораа да прегледаат 50 згради на министерства, институции и неколку редакции на медиуми.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух

Сикорски: Русија е многу послаба отколку што мислат Европејците

Полска го презеде од Унгарија преседавањето со ЕУ

Полска и се закани на Русија – Варшава тестира ракета способна за неколку минути да стигне до Москва

А1он

Полска доби заем од четири милијарди долари од САД за трансформација на армијата

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он