САД се повеќе се плашат од можен нов бран на епидемијата на коронавирусот, поради зголемениот број заразени и хоспитализирани во речиси половина сојузни држави од земјата.
Бројот на новоинфицирани се зголемува со интензивирање на кампањата за вакцинација. Во текот на изминатиот викенд, беа дадени повеќе од четири милиони дози за еден ден, што е рекорд досега.
Во последните две недели за речиси 20 отсто се зголеми бројот на случаите со Ковид-19, поради што здравствените власти предупредуваат на четврти бран на пандемијата.
-Се уште сме на почетокот на овој драстичен раст. Се уште не сме го виделе најлошиот дел”, изјави Мајкл Остерхолм од Центарот за истражување на болести на Универзитетот во Мичиген.
Растат, исто така, и бројките за хоспитализации, а експертите посочуваат дека причините за новото зголемување се ширењето на новите видови на коронавирусот, олеснувањата на ограничувањата и почестите патувања.