(ВИДЕО) Паника во Минхен: Маж пукаше во трговски центар, има мртви

Од:

Најмалку 15 луѓе го изгубија животот кога непознат напаѓач отворил оган во трговскиот центар Олимпија, во Минхен, пренесеува британскиот Гардијан.

Официјалните лице од полицијата во Минхен не даваат повеќе инфорамции освен дека имало пукање во трговскиот центар.

Еден е убиен, е неколкумина се ранети, пише АФП повикувајќи се на извор од полицијата. Зидојче цајтунг претходно јави дека има неколку мртви.

Германскиот весник “Минхен абенцајтунг“ јави дека има 15 мртви, додека телевизијата НТВ наведува дека има 10 убиени.

Деталите за инцидентот се уште не се познати, но медиумите пренесуваат дека полциската акција е во тек и дека целата област околу трговскиот центар е блокирана.

Вооружен маж трчаше низ трговскиот центар и пукаше на луѓето, наведува “Билд“. После тоа избегал во правец на подземната железница.

Би можело да ве интересира

Авганистанецот призна дека намерно удри во толпата во Минхен

Шок во Минхен поради говорот на американскиот потпретседател

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на тешко повредени во инцидентот во Минхен, уапсен е возач по потекло од Авганистан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Автомобил влета во група луѓе во Минхен, најмалку 20 повредени

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Најмалку седуммина повредени во пожар во дом за стари лица во Минхен

(ВИДЕО) Пожар во Минхен: Гори зграда, пламените јазици проголтуваат се пред себе

Горан Наумовски