Паника во авион на „Ер Индија“: Закана за поставена бомба, патниците итно евакуирани

Од:

Летот AI 379 на „Ер Индија“ беше принуден да слета итно утрово по закана за бомба – помалку од 24 часа по големата авионска несреќа во близина на Ахмедабад во која загинаа повеќе од 290 лица.

Авионот летал од Пукет, Тајланд, до индиската престолнина Њу Делхи кога екипажот добил предупредување за можна експлозија, според аеродромските власти. Авионот кружел околу западниот брег на островот кратко по полетувањето и слетал назад на аеродромот во Пукет.

156-те патници биле евакуирани според процедурите за итни случаи, изјави официјален претставник на Аеродромската управа на Тајланд (AOT). Понатамошни детали за заканата не беа веднаш достапни, а според неофицијални информации, не е пронајдена експлозивна направа.

Новата криза доаѓа по трагедијата што го погоди летот AI 171 на „Ер Индија“, кој се урна вчера на пат од Ахмедабад до Лондон. Спасувачите сè уште ги пребаруваат остатоците за евентуални преживеани. Во авионот имало 159 индиски државјани, 53 британски државјани, седум португалски државјани и еден канадски државјанин. Во авионот имало 11 деца, меѓу кои и две новороденчиња.

Би можело да ве интересира

Го претепаа до смрт поради гласини дека јаде говедско месо – владата во Индија го прекинува судењето

А1он

Најмалку деветмина загинаа, а 29 се повредени во експлозија во полициска станица во Индија

Германија сака да биде центар за производство на лекови

Страшна несреќа во Индија: Автобус се запали после сообраќајка, загинаа најмалку 25 лица

Пожар во болница, загинаа најмалку шест пациенти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Стампедо предизвика индискиот актер и политичар, најмалку 36 мртви