Паника поради можна масовна зараза со ХИВ во Австралија

Од:

Австралиските здравствени власти денеска повикаа над 11.000 лица да се тестираат поради „можна и многу веројатна“ зараза со ХИВ вирусот.

Почнувајќи од лани во ноември, најмалку во 12 стоматолошки ординации инспекторите откриле дека хигиената и несоодветната стерилизација на инструментите се потенцијални извори за зараза со ХИВ и хепатитис.

До сега нема докази дека неколкуте детектирани нови случаи на заразени со ХИВ имаат директна врска со интервенциите во стоматолошките ординации, но имало повеќе случаи на заболување од жолтица кои можат да се поврзат со инфицирање при посета на забарски амбуланти.

Медиумите во Австралија денеска шпекулираат дека здравствените власти имаат да кажат многу повеќе во врска со евентуалните последици од запоставувањето на хигиената и правилата за серилизација, бидејки во сегашните изјави на официјалните претставници има доста недореченост.

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

Платформата за ХИВ бара неопходниот буџет за заштита на населението од ХИВ-инфекција