Пандемијата значително го намали работното време во ЕУ

Од:

Бројот на реално одработените часови во ЕУ е намален за 12 отсто во споредба со претходната година. Тоа го покажуваат податоците на статистичката агенција на ЕУ – Евростат.

Според агенцијата, падот може да се објасни со мерките преземени како одгoвор на пандемијата na Ковид-19 кои принудија стотици луѓе да бидат на платено и неплатено отсуство од работа. Како резултат на тоа, работните часови се значително помалку. Најголем пад е регистриран во Грција (-19,7 проценти), Шпанија (-19,5 отсто), Португалија и Италија (по -19 проценти), а Бугарија е на 16-та позиција со намалување од 10 отсто.

Земјите од ЕК, во кои има мала промена во работното време (со намалување помало од пет отсто), се Финска (-4,4 проценти), Данска и Луксембург (по – два отсто).

Вкупно 26,9 милиони луѓе во ЕУ пријавиле дека работеле помалку од вообичаено во 2020 година. За споредба, во 2019 година тој број изнесувал 24,4 милиони луѓе.

Би можело да ве интересира

Лавров: Зеленски стана нацист, а Европа сака борбите да продолжат

Трамп: Треба повеќе да се грижиме за мигрантите, да не завршиме како Европа

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Орбан: Европа не е тоа што беше, иднината е во другите региони

„Билд“: Американските војници се повлекуваат од Европа

Мрачна прогноза на Медведев за Европа

Горан Наумовски