Палестинскa новинарка тврди: Луѓето во Газа немаат каде да одат, тие се опколени

Од:

Палестинската новинарка Шурук Асад зборуваше за N1 за војната во Газа и се осврна на моменталната ситуација во јужниот град Рафах, кој е под напад на израелските сили.

Најмалку 52 лица загинаа во израелското гранатирање на Рафах, град кој се наоѓа на самиот југ од Појасот Газа и во близина на границата со Египет, ноќта меѓу неделата кон понеделникот. Шурук Асад објасни што моментално се случува во Рафах.

„Ситуацијата е многу тешка и критична. Пред три часа се случи бомбашки напад и на мета беа двајца наши новинари кои работат за Ал Џезира, на мета на израелски дрон. На еден колега му е тешко повредена ногата, а на друг, иако се наоѓале на безбедно место каде има и многу цивили. Тоа значи дека Израел продолжува да ги таргетира колегите новинари, изгубивме 120 новинари, тоа е голема бројка“, објасни новинарката.

„Израел тврди дека ќе најдат израелски заложници во Рафах. Луѓето се исплашени и околу милион и пол бегалци се на мал простор, едвај имаат што да јадат, ќебиња и слични потреби, ситуацијата е критична. Поради страв, луѓето тргнаа од Рафах кон центарот на Газа, што е многу опасно подрачје, но немаат каде да одат, тие се опколени“, додаде таа.

Новинарката истакна дека во тој крај има жени и деца кои живеат во многу тешки хуманитарни услови.

Би можело да ве интересира

Најмалку 19 лица загинаа во нови израелски напади врз Газа

А1он

Десет членови на едно семејство, меѓу кои седум деца, загинаа во израелски напад во Газа

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа се искачи на 62

Најмалку 21 Палестинец убиен во денешните израелски напади во Газа