Бројот на загинати во Газа се искачи на 4.358 загинати и 13.651 повредени од 7 октомври, според палестинското Министерство за здравство.
Меѓу загинатите има 1.756 деца и 976 жени, додаде Министерството за здравство.
Министерството исто така, издаде соопштение во кое се осврнува на исклучувањето на горивото од хуманитарната помош испратена во Газа. Се тврди дека тоа ги загрозува животите на болните и ранетите.
„Апелираме до меѓународната заедница и Египет веднаш да почнат да работат за испорака на гориво и итни медицински материјали пред да бидат изгубени повеќе животи во болниците“, се вели во соопштението.