Пакистанскиот премиер Шариф му предложи на индискиот колега Моди да разговараат за сите отворени прашања

Од:

Пакистанскиот премиер Шахбаз Шариф му понуди на својот индиски колега да разговараат за сите отворени прашања, вклучително и за спорниот регион Кашмир.

Според Шариф, разговорите би можеле да се спроведат со помош на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

– Мојата порака до индиското раководство и премиерот Нарендра Моди е да седнат на маса и да имаат сериозни и искрени разговори за да ги решиме нашите горливи прашања, како што е Кашмир, рече Шариф во интервју за „Ал Арабија“.

Тој додаде дека го поставил тоа прашање и на средбата со претседателот на ОАЕ, шеикот Мохамед бин Зајед за време на неговата неодамнешна посета на земјата.

– Тој е брат на Пакистан, има добри односи и со Индија и може да одигра многу важна улога за тоа двете земји да седнат на преговарачка маса, рече Шариф.

Индиското Министерство за надворешни работи засега нема објавено коментар за изјавата на пакистанскиот претседател.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица