Пакистан: Молитви за Малала

Од:

Пакистанската тинејџерка, активистка за човекови права, е сеуште приклучена на респиратор, а жителите се молат за нејзино опоравување.

Талибаните пукаа во Малала Јусуфази, а нивниот чин беше осуден од властите во Пакистан како и целиот свет.

Пакистанската влада понуди парична награда од 100 илјади долари за оној кој ќе ги фати напаѓачите.

Премиерот Раџа Первес Ашраф ја посети Малала и и оддаде признание.

„Тоа не беше злосторство против поединец туку против човештвото и напад на нашите национални и друштвени вредности“, изјави тој за новинарите.

Портпаролот на талибаните, Ехсанулах Ехсан, рече дека тие извеле напад против тинејџерката, поради тоа што таа е против нив и е за секуларна држава. Тој додаде дека и во случај Малала да преживее, нема да биде поштедена.

Малала стана меѓународно позната благодарејќи на својот блог на BBC, во кој говори за злосторствата извршени од талибаните помеѓу 2007-ма и 2009-та година.

Училиштата во Пакистан вчера го започнаа денот со молитва за Малала, а денеска на нив им се придружија и училиштата во Авганистан.

„Околу 9.5 милиони ученици ширум земјата во 15.500 училишта и образовни центри одржаа молитва за нејзино опоравување“, соопшти портпаролот на авганистанското министерство за образование Аманулах Имам.

Би можело да ве интересира

Вооружени напаѓачи убија седум патници во автобус во југозападен Пакистан

Нападната база во Кабул: Има мртви

Имран Кан e осуден на 14 години затвор

Горан Наумовски

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Талибанците имаат нова забрана за жените

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски