Пакистан: Експлозија во џамија за време на молитва, четворица загинати

Од:

Најмалку четири лица загинаа денеска, а 20 се повредени во силна експлозија која одекна за време на молитва во џамија во близина на градот Кета, во југозападниот дел на Пакистан.

Шефот на локалната полиција, Абдул Али изјави дека бомбата најверојатно била подметната во џамијата и активирана со далечински управувач. Жртвите биле веднаш пренесени во болниците во Кета. Полицијата стравува дека бројот на загинатите ќе се зголеми.

Во експлозијата загинал и имамот на џамијата. Друг полициски претставник, пак, тврди дека бомбата била поставена под дрвена столица во џамијата, која ја користел имамот.

Засега никој нема преземено одговорност за нападот, но медиумите потсетуваат дека за претходните слични напади во провинцијата Белучистан биле обвинувани пакистанските екстремисти

Би можело да ве интересира

Еден мртов, двајцата тешко повредени во експлозија во Белорусија

Драма во Амстердам: Автомобил експлодира на плоштад

155 патници се спасени од воз киднапиран од пакистански сепаратисти

Русија: Пет лица повредени, 54 евакуирани поради експлозија на гас

Експлозија во воениот институт „Захорје“, најмалку двајца се повредени

Горан Наумовски

Вооружени напаѓачи убија седум патници во автобус во југозападен Пакистан