Пакистан бара дополнителна меѓународна помош поради поплавите

Од:

Поради поплавите што силно ја погодија земјата, Пакистан апелира за натамошна меѓународна помош, јави Би-Би-Си.

Претставникот на Министерството за внатрешни работи, Салман Суфи, изјави за Би-Би-Си дека земјата очајнички бара меѓународна поддршка.

„Пакистан се бореше со економски проблеми, но сега, токму кога требаше да ги надминеме, поради монсуните не погоди катастрофа“, рече Суфи.

Тој додаде дека средствата од многу развојни проекти се пренасочени за помош на луѓето погодени од поплавите.

Во поплавите од почетокот на сезоната на монсуните во Пакистан загинаа околу илјада лица, а илјадници се принудени да ги напуштат своите домови, соопштија пакистанските власти.

Националната служба за борба против катастрофи и несреќи објави дека во последните 24 часа загинале уште 45 лица. Со ова вкупниот број жртви од средината на јуни достигна 982, а повредени се 1.456.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

155 патници се спасени од воз киднапиран од пакистански сепаратисти

Вооружени напаѓачи убија седум патници во автобус во југозападен Пакистан

Имран Кан e осуден на 14 години затвор

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати