Падна Владата во Франција

Од:

Францускиот Парламент ја разреши владата на премиерот Франсоа Бајру по само девет месеци на власт, при што неговата администрација го загуби гласањето за доверба.

На гласањето во Националното собрание, 364 пратеници гласаа дека немаат доверба во владата, додека само 194 и дадоа доверба.

Во согласност со член 50 од уставот, премиерот мора да поднесе оставка на својата влада“, рече претседателката на парламентот Јаел Браун-Пивет.

Според француски медиуми, Бајру утре наутро ќе ја поднесе оставката до претседателот Емануел Макрон.

Со недели беше јасно дека Франсоа Бајру е на пат кон пораз, пишува Би-Би-Си – Денешното гласање сушност беше само формалност.

Сега е вистинска политичка криза, бидејќи по девет месеци релативен мир, Франција се врати таму каде што беше минатиот декември со падот на неговиот претходник, Мишел Барние.

Претседателот Емануел Макрон сега се соочува со избор помеѓу свикување предвремени избори или избор на петти премиер за помалку од две години.

Би можело да ве интересира

Тардиф: Мора да бидеме подготвени за руски шокантен напад врз НАТО

Трамп бесен на Франција и Италија: Ќе го запаметиме ова

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Мандон: САД станаа непредвидлив сојузник

Франција e погодена од силен земјотрес

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз