Падна првиот снег на Алпите

Од:

Алпскиот регион беше погоден од многу обилни дождови и нагло заладување, со вистинско есенско време и температури околу 10 степени, додека јужните падини на Алпите беа погодени и од грмотевици.

Локално, наврнаа повеќе од 300 литри дожд на квадратен метар, што предизвика разорни поплави и порои што го погодија езерото Комо во северна Италија.

Во исто време, поради силниот студ, врне снег во повисоките делови на Алпите, а врнежите ќе продолжат и во наредните денови.

Температурите паднаа под 0°C, а најмногу снег падна на јужните падини на Алпите во северозападна Италија, каде што на некои места снежната покривка достигна и до 30 см.

Снег паѓа и на Швајцарските Алпи, а на некои места повремено е придружен со грмотевици.

Би можело да ве интересира

Зимска идила на Попова Шапка со 74 сантиметри снег

Снег на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка

Снег на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка

Количината на снег во Москва достигна рекорд во последните 72 години

А1он

Забрана за сообраќај на камиони на патот Гостивар – Стража – Кичево поради обилни снежни врнежи

Горан Наумовски

Сообраќајот на патот Кичево-Гостивар е нормализиран

Катерина Ѓуровски