Лидерот на шпанската радикална левица Подемос (Можеме) Пабло Иглесиас беше реизбран на функцијата при внатрепартиско гласање.
Резултатите од гласањето беа соопштени на партискиот конгрес.
Иглесиас доби 89 проценти од гласовите на избирачите, соопшти генералниот секретар на партијата Пабло Еченикуе.
Програмата на Иглесиас, кој сака централизирање на партијата и продолжување на социјалната активност, беше одобрена од 56 проценти од неговите сопартијци.
– Единство и помирување, додека победиме, извика Иглесиас од трибината на конгресот, откако ги дозна резултатите од внатрепартиските избори.
Партијата Подемос е основана во 2014 година Таа се смета за „политички брат“ на грчката радикална левица Сириза. За две години Подемос бележи пораст во Шпанија, која преживеа голема економска криза.