Компанијата „Токио електрик пауер“, која управува со хаварисаната нуклеарна централа „Фукушима“, денеска соопшти дека десет вработени, кои работеле на расчистувањето биле изложени на мала доза радијација, што е регистрирано на нивните лица и коса.
Во тек е истрага за условите во кои дошло до озрачување на работниците. Како можна причина се наведува радиоактивна прашина.
Силниот земјотрес и последователното цунами во март 2011 година го оштетија погонскиот дел и системот за ладење на нуклеарната централа во Фукушима, по што дојде и до значителна радијација.
По несреќата за ладење на реакторите се користи импровизирана опрема, а истекувањето на контаминирана вода претставува голем проблем.