Ова се деловите од ракетата што падна во Белорусија: Се истражува од каде дошла

Од:

На социјалните мрежи беа објавени фотографии од ракета која наводно паднала на територијата на Белорусија. Не е можно самостојно да се потврди автентичноста на фотографиите.

Белоруската агенција Белта јавува дека станува збор за украинска ракета С-300, но властите од Киев се уште не ги коментирале овие наводи и нема официјална потврда дека проектилот дошол од Украина.

Ракетата паднала во регионот на Брест.

Белоруската новинарка Хана Лиубакова на Твитер објави фотографија од деловите од ракетата и дека засега нема потврда за жртви, пишува Гардијан.

И руската агенција ТАСС пишува дека се работи за украинска ракета.

Белта пренесува дека Министерството за одбрана во Минск истражува дали белорускиот систем за противвоздушна одбрана ја соборил ракетата или тоа е случајност, како што се случи во Полска во ноември.

Би можело да ве интересира

Еден мртов, двајцата тешко повредени во експлозија во Белорусија

Лукашенко: Ако Белорусија треба да избере, ќе застане на страната на Русија

Лукашенко потпиша указ за спроведување патриотско образование во армијата

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

(ВИДЕО) Моите противници се во затвор, ама вие сте тука – Лукашенко до новинар на Би-би-си

Александар Лукашенко потврди уште еден претседателски мандат

А1он