На прв поглед шарениот пластичен тобоган во фабриката Хезе, кинеска провинција Шандонг, изгледа како секој друг безопасен детски тобоган во паркот. Меѓутоа, овој тобоган е поставен на работ на кровот на трикатна зграда.
Тобоганот е поставен над бетонски паркинг и тоа така што неговиот крај води директно од работ на зградата. Секој кој би се осмелил да се спушти низ него би паднал на паркинг од висина од некои 12 метри.
Локалното население е уплашено од поставувањето на овој тобоган на кровот на фабриката во која се произведува. Загрижени се дека децата би можеле некако да дојдат до него.
– Загрижени сме дека децата за викенд би можеле да дојдат до кровот на зградата и да се обидат да си играат на него, рече еден загрижен граѓанин.
Управата на фабриката тврди дека тобоганот е поставен за да ја рекламира фабриката и не е наменет за какви било други користења, но на крајот се согласиле да го тргнат.
– Можеме да го разбереме човечкиот страв и затоа ќе го тргнеме тобоганот, рече потпаролот на фабриката.
Ова не е првпат кинеските власти да покажат малку загриженост кон јавната сигурност. На почетокот на овој месец петгодишно момче беше тешко повредено откако во висина го фрли моќен млаз од фонтана во провинцијата Хубеи.